ВТА
Ѓорческа ќе игра во финалето во Љубљана
Лина Ѓорческа обезбеди финале на Челинџер турнирот во Љубљана и утре ќе се бори за нов трофеј во игра на двојки.
Македонската тенисерка на овој турнир настапува заедно со Швајцарката Џил Тајхман, а денеска овој тандем лесно славеше во дуелот со Касино од Франција и Детиук од Чешка, кои беа први носителки на турнирот во игра на двојки.
Мечот беше решен за само 58 минути, а македонско-швајцарскиот дубл го доби со убедливи 6:1/6:2, со што заслужено се избори за финале, односно меч за посакуваниот трофеј.
Победата има уште поголемо значење ако се знае дека Тајхман денеска играш и сингл и пред овој меч успеа да си обезбеди место во сингл финалето во дуел во три сета.
Противнички на Ѓорческа и Тајхман во утрешното финале ќе бидат Бранкачо од Италија и Ромеро Гормаз од Шпанија.
-
Англија16 часа
Карсли самиот се прецрта, Кин советува кој треба да биде идниот англиски селектор
-
Англија21 час
Ексклузива на „Билд“: Јунајтед добил „корпа“ од германски тренер пред да го потврди Тен Хаг
-
Лига на нации17 часа
Милевски со најкраток говор во својата кариера: Вие не сте нормални! (Видео)
-
Лига на нации21 час
Милевски со три промени во почетниот состав за пресметката со Ерменија
-
Лига на нации16 часа
Македонија му пресуди на ерменскиот селектор со победата во Ереван (Фото)
-
Германија23 часа
Легендарниот Кан има свој став за голманската дебата во германската репрезентација
-
Свет23 часа
Македа гризна противник и доби син картон во полското дерби (Видео)
-
Лига на нации18 часа
Ремек-делото на Арнолд од слободен удар го неутрализираше потресот во Англија (Видео)