Ѓорческа ќе игра во финалето на турнирот во Анталија

lina i dinu

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа, оствари уште една победа на турнирот во Анталија и утре ќе игра во финалето на овој ИТФ фјучрс.

Ѓорческа денеска имала одличен настап и рутинска победа над Маријана Закарљук (6:2/6:3), па утре ќе има можност да се бори за ИТФ титулата.

Противничка на Лина ќе биде третата носителка, Она Орпана од Финска, која во денешното полуфинале одиграла само еден сет пред противничката да го предаде мечот.

Facebook Коментари