Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа ја суреди осмата носителка во Загреб

Објавено

на

Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа успешно го мина првото коло од главната фаза на ИТФ фјучерсот во Загреб (Хрватска) што се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 американски долари.

Ѓорческа на стартот на турниот во Хрватска ја суреди осмата носителка Симона Валтерс од Швајцарија со 2-0 во сетови. Дуелот на теренот број 16 траеше скоро еден ипол час, период во кој драматичен беше првиот сет кој Лина го реализираше со 7-5 за да во вториот доминира и со 6-1 го потврди триумфот и пласманот во второто коло каде ќе игра со подобрата од мечот Франческа Џоунс и Тара Вурт.

Во двојки пак Лина и нејзината партнертка Башак Ерајдин (Турција) го предадоа мечот против Тена Лукас и Михаела Ѓаковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни