Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа ја преслуша петтата носителка за четвртфинале на силниот турнир во Чешка

Објавено

на

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа обезбеди пласман во четвртфиналето на силниот ИТФ фјучерс што се игра во Олумуц (Чешка).

Ѓорческа имаше соочување со петтата носителка Алиона Болсова од Шпанија, соочување кое заврши со 2-0 во сетови за тетовката која со ова покажа дека е во одлична форма.

Првиот сет беше еднонасочен и истиот Лина го реши со 6-2 за да во вториот видиме голема борба, брејкови на двете страни, ама на крајот Македонката беше таа што го имаше последниот збор и со 6-4 го затвори мечот за место меѓу осумте најдобри на турнирот што се игра на земјена подлога за награден фонд од 60.000 долари.

Лина за следен ривал ќе го има подобриот од дуелот Кони Перин (Швајцарија) и Ема Наваро (САД).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни