Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа ја предаде битката со Хенеман и го заврши настапот во Анталија

Објавено

на

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа мораше предвреме да го заврши настапот на ИТФ фјучерсот во Анталија што се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.

Ѓорческа денеска го предаде мечот против Швеѓанката Хенеман кој водеше со 1-0 во сетови (7-6) и предност од 3-0 во вториот на теренот број пет. Македонската не можеше да настапи ниту во игра на двојки заедно со Кристина Дину, па Парк и Михајлова без борба се пласираа во полуфиналето на турнирот во Турција.

Инаку нашиот најдобар рекет беше прв носител на овој фјучерс како во сингл така и во дубл конкуренцијата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни