Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа ја оствари првата победа на силниот турнир во Чешка

Објавено

на

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ја оствари првата победа на силниот турнир што се игра во Чешка.

Ѓорческа за ривал ја имаше Анета Лабоуткова (Чешка) и истата на теренот број седум ја доби со 2-0 во сетови. Средбата траеше еден час, период во кој првиот сет Македонката го реализираше со 6-2, додека во вториот славеше со 6-3.

Сега за Лина следува многу тежок предизвик затоа што ќе се соочу со првата носителка Пана Удвари од Унгарија.

Фјучерсот во Чешка Липа се игра на земјена подлога за награден фонд од 60.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни