Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа ја мина првата пречка на Сардинија

Објавено

на

Лина Ѓорческа денеска го започна настапот на турнирот во Санта Маргерита ди Пула, а во првата рунда во сингл конкуренција совлада ривалка од Франција.

Најдобрата македонска тенисерка е седма носителка на Сардинија, а денеска славеше против Французинката Селена Јаниќиевиќ со 2:0 во сетови.

Ѓорческа го доби првиот сет за 38 минути со 6:2, а вториот траеше подолго, но Лина го освои преку тај-брејк со 7:6 за конечна победа.

Следна фаза е осминафиналето, а таму Ѓорческа ќе се сретне со домашната тенисерка, Федерика Роси, која денеска на сличен начин стигна до својата прва победа.

Македонката ќе игра и во дубл на турнирот со награден фонд од 25.000 долари, но таму турнирот ќе го започне од четвртфиналето, а партнерка ќе и биде Холанѓанката Ева Ведер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни