Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа ја дозна својата ривалка на стартот на квалификациите на Ју-Ес Опен (Фото)

Објавено

на

Лина Ѓорческа вторпат во кариерата ќе комплетира квалификациите на сите четири грен слем турнири во една календарска година, откако најдобрата македонска тенисерка се најде во ждребот и за Ју-Ес Опен.

Последниот грен слем во годината ќе стартува со квалификациските рунди во кои три меча ги делат тенисерките и тенисерите од главниот турнир, а дел од оваа фаза ќе биде и тенисерката од Тетово.

Ѓорческа во својата досегашна кариера собра три настапи во квалификациите на Ју-Ес Опен и тоа го правеше три пати во низа од 2016-та до 2018-та година, со тоа што последниот пат стигна и до втората рунда.

Лина овојпат во првото коло доби за ривалка тенисерка од Аргентина, односно 22-годишната Јулиа Риера која е 19-та носителка во квалификациите во женскиот ждреб.

Ѓорческа квалификациите ќе ги стартува како 193-та тенисерка на ВТА листата, а во овој момент помладата Аргентинка е на 122-то.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни