Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа избори четвртфинале на силниот турнир во Виена

Објавено

на

Foto:www.facebook.com/ladiesopen

Лина Ѓорческа стигна до тешка, но и важна победа на силниот фјучрс турнир во Виена, триумфирајќи над шпанската ривалка Леире Ромеро Гомез со 2:1 во сетови.

Најдобрата македонска тенисерка лесно го доби првиот сет со 6:2, но ривалката одговори на сличен начин и со 6:1 се избори за трет решавачки сет во осминафиналето на турнирот во Австрија.

Мечот кулминираше со драматична завршница, во која Ѓорческа направи клучен брејк во единаесеттиот гејм, па ја потврди победата со 7:5 во третата и клучна етапа од дуелот со четвртата носителка на турнирот.

Во четвртфиналето во Виена, противничка на Лина ќе и биде романската тенисерка Ирина Бара, која е шеста носителка на турнирот.

Турнирот во Виена се игра за награден фонд од 60.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни