Ѓорческа „испука“ две нови победи во Анталија

lina

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа уште две нови победи на ИТФ фјучерсот во Анталија што се игра за награден фонд од 15.000 американски долари.

Лина во поединечна конкуренција дојде до четвртфиналето откако со 2-0 во сетови ја надигра Џени Дуерст од Швајцарија. Овој дуел траеше еден ипол час и истиот заврши со 6-2 и 6-4, а тоа значи дека Ѓорческа како втора носителка оди на мегдан со Петија Аршиникова (петта носителка).

Кога пак е во прашање играта во двојки, тетовката заедно со Маријана Дражиќ од Хрватска славеа над Лиа Каратанчева (Бугарија) и Мелис Ајда Ујар (Турција) со 6-1 и 6-2, па во полуфиналето ќе играат со Џени Дуерст (Швајцарија) и Јоана Гаспар (Романија).

Facebook Коментари