Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа имаше успешен старт на силниот турнир во Астана

Објавено

на

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа забележа победа на својот прв меч на силниот фјучерс кој се игра во Астана, Казахстан.

Се работи за турнир кој се игра на тврда подлога за вредност од 40.000 американски долари, турнир на кој Лина за прва ривалка ја имаше домашната тенисерка Ана Данилина која ја реши со 2-0 во сетови.

Нешто повеќе од еден час траеше средбата на централниот терен каде Ѓорческа беше супер убедлива во првиот сет со 6-1, додека во вториот Ана даде поголем отпор и истиот заврши со резултат 6-4.

Оваа победа ја однесе Македонката во осминафиналето каде ќе игра против Ирина Шиманович која денеска направи изненадување и ја уништи првата носителка Мојука Учиџима со 6-1 и 6-1.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни