АТП
Ѓорческа го заврши својот настап во четвртфиналето во Загреб, Ивановски ќе се бори за титула во игра на двојки

Калин Ивановски порано денеска се пласираше во полуфиналето во Куршумлиска Бања, но вечерва стана познато дека најдобриот македонски тенисер на истиот турнир ќе игра во финалето во двојки.
Ивановски и неговиот колега Олександр Овчаренко одиграа навистина возбудлив меч во полуфиналето, но на крајот успеаја да слават со 6:4, 2:6 и 10:6 против Лајал од Естонија и Лок од Зимбабве.
Македонско-украинската двојка на завршниот меч ќе има за противници тенисери од Русија, односно за титулата ќе се борат за Андреј Чепелев и Микалај Халак.
Денеска, свој настап имаше и најдобрата македонска тенисерка, но Лина Ѓорческа го заврши настапот во Загреб откако загуби на ИТФ фјучерсот во Загреб во четвртфиналето.
Тенисерката од Тетово имаше навистина тежок испит против Ела Зејдел, па Германката го доби дуелот во два сета со 6:3 и 6:4.
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти за партијата на ветеранот: Имаше лош меч, но немој да го вперувате прстот кон него!
-
Англијапред 20 часа
Мадисон му испрати „отровна стрела“ на Сака по крајот на тензичното дерби (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Капитенот на Наполи избра страна по конфликтот меѓу Осимен и Гарсија
-
Шпанијапред 20 часа
Мората потсети на една незаборавна изјава на Чоло откако му даде два гола на Реал: Дечињата од Мадрид…..
-
Италијапред 19 часа
Мурињо: После ова што го видов, веќе никогаш нема да кажам лош збор за „Олимпико“
-
Италијапред 21 час
Наполи продолжи да губи бодови, Де Лаурентис се јави со интересна реакција
-
Англијапред 21 час
Покетино по новата катастрофа на Челси: Ни недостасува само едно нешто
-
Англијапред 21 час
Менаџерот на Лидс покажа како се „лепи“ топка, навивачите збеснаа на трибините (ВИДЕО)