ВТА
Ѓорческа го предаде финалето против Викмајер

Македонската тенисерка, Лина Ѓорческа не успеа на соодветен начин да ја комплетира оваа успешна седмица на фјучерсот во Талин каде мораше да го предаде финалето со Јанина Викмајер.
Ѓорческа се обиде да игра на овој меч и покрај очигледниот проблем кој постоеше ако се земе предвид резултатот во првиот сет од 6-1 за Белгијката. Потоа беше побаран медицински тајм-аут, Лина одигра уште два гејма кои ги загуби по што реши да се повлече.
Тетовката играше фантастично во Естонија и навистина е голема штета што мораше вака да го заврши турнирот кој се играше на тврда подлога за вредност од 40.000 американски долари.
Кога е во прашање денешната ривалка на Македоната вреди да се напомене дека Викмајер е тенисерка со сериозни резултати, во минатото играше и во полуфиналето на Ју-Ес Опен (2009), а најдобриот пласман и е 12 место на ВТА листата.
-
Светпред 22 часа
Червар лут на Гобац: Тој ме смени затоа што мисли дека е татко на ракометот!
-
Светпред 23 часа
Меси отворено за односот со Мбапе: Зборувавме за финалето на СП…
-
Англијапред 9 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 17 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 20 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
НБАпред 21 час
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
АТПпред 19 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир
-
Светски првенствапред 17 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)