Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа го дозна првиот противник во квалификациите за Вимблдон

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Лина Ѓорческа изминативе денови тренираше во Лондон, подготвувајќи се за почетокот на квалификациите на Вимблдон, а денеска ја дозна и првата противничка.

Најдобрата македонска тенисерка, во првото коло од квалификациите на престижниот грен-слем ќе се соочи со Американката Сашиа Викери (29. носителка).

Викери е на подобра позиција на ВТА листата, односно на 138. место, а неодамна играше на главниот турнир на Ролан Гарос, каде загуби во првата рунда од четвртфиналистката Жабер. Сепак, она што може дополнително да ја мотивира Ѓорческа е фактот што ја победи истата противничка во квалификациите за Аустралијан Опен во нивното единствено соочување во 2017 година.

Ѓорческа доцна доби британска виза и остана без можност да се појави на некој од турнирите на трева како подготовка за квалификациите, па само со тренинзи на оваа подлога ќе се обиде да направи најголем успех на Вимблдон.

Доколку утре успее да слави против фаворизираниот противник, Ѓорческа во второто коло ќе игра против победникот од мечот меѓу Дијас и Савангакев, кои не се поставени како носителки во квалификациите.

За македонската тенисерка ова е втор настап во квалификациите на Вимблдон, каде се појави и во 2017 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни