Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа фуриозно до четвртфиналето на турнирот во Будимпешта

Објавено

на

Лина Ѓорческа дури утринава го одигра осминафиналниот меч на фјучрсот во Будимпешта, но без проблеми успеа да ја победи противничката од Австрија во два сета.

Временските услови не дозволија одигрување на дуелот меѓу Ѓорческа и Сиња Краус во текот на вчерашниот ден, а утринава најдобрата македонска тенисерка ја заврши работата на посакуван начин.

Со минати 78 минути на теренот, Ѓорческа доминираше против Краус, добивајќи го првиот сет со 6:3, а вториот со уште поубедливи 6:2.

Лина продолжува во четвртфиналната фаза на турнирот со награден фонд од 25.000 долари, а таму може да  ја има и досега најсериозната пречка.

Се работи за третата носителка, Река-Лука Јани, која е домашен претставник и против која Ѓорческа би можела да игра ако Унгарката ја оправда фаворитската улога во дуелот со Лиса Пигато од Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни