Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа фуриозно до четвртфиналето на фјучрсот на Сардинија

Објавено

на

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во четвртфиналето на фјучрс турнирот во Санта Маргерита ди Пула во Италија.

Ѓорческа денеска одигра сигурно и фуриозно против домашната тенисерка Федерика Роси, победувајќи ја Италијанката со резултат 6:1/6:1.

Лина го доби првиот сет за 39 минути, додека вториот траеше десет минути повеќе, но само го потврди пласманот меѓу осумте најдобри на Македонката.

Следен противник на Ѓорческа на Сардинија ќе биде подобрата од дуелот меѓу Камила Росатело и Тимеа Бабош.

Нашата претставничка денеска ќе игра четвртфинале и во дубл, а партнерка и е Холанѓанката Ева Ведер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни