ВТА
Ѓорческа елиминира силна противничка за осминафинале во Марибор

Лина Ѓорческа оствари победа во два сета против подобро рангираната Петра Марчинко и избори пласман во осминафиналето на фјучрс турнирот во Марибор.
Македонката се соочи со Марчинко во битката за следна фаза на турнирот кој се игра на словенечко тло, а успеа да ги добие двата сета со 6:4 за сигурни и заслужени 2:0.
Првиот сет започна со доминација на Ѓорческа која направи два брејка и поведе со 3:0, но дозволи Марчинко да возврати на идентичен начин и да го врати сетот во егал. Сепак, Лина веднаш се исправи и третиот брејк беше клучен за 6:4 и почетна предност.
Во вториот сет, целосно спротивно, имаше само еден брејк и тоа уште во првиот гејм кој и припадна на Лина, па таа предност успеа да ја задржи до крајот на мечот.
Пред Ѓорческа е уште еден голем предизвик во осминафиналето, каде ќе се сретне со четвртата носителка, Французинката Џесика Понше, која е 153-та тенисерка на ВТА ранкингот.
Ѓорческа паралелно игра и дубл на турнирот со награден фонд од 75.000 долари и таму веќе има обезбедено место во четвртфиналето.
-
Италија23 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
НБА22 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА9 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
НБА12 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Англија7 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Лига на шампиони10 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Шпанија13 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
Германија11 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…