ВТА
Ѓорческа експресно до полуфинале на турнирот во Ираклион

Лина Ѓорческа загуби само еден гејм и без никаков проблем се пласираше во полуфиналето на силниот турнир во Ираклион, кој се игра за награден фонд од 40.000 долари.
Македонката за противничка ја имаше Кристина Дину од Романија, а со резултат 6:1/6:0 го подобри скорот во меѓусебниот дуел на 4:2 со оваа добро позната ривалка.
Интересно е што мечот започна со брејк на Дину, но потоа следуваше страшна серија на Ѓорческа, која фактички ги освои следните 12 гејма и за 64 минути си обезбеди виза за полуфиналето.
Утре нашата најдобра тенисерка ќе се соочи со втората носителка, Русинката Екатерина Макарова, која денеска исто така елиминираше романска ривалка во четвртфиналето.
Претходното соочување на Ѓорческа и Макарова донесе драматичен меч исто така во Ираклион, а Русинката победи со 2:1 по долга борба.
-
Англијапред 15 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 23 часа
Де Лаурентис по гала вечерта во Италија: Децата во Неапол научија важна работа
-
Италијапред 17 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Балканпред 18 часа
Канаваро пред тренерски ангажман во Турција
-
Светпред 19 часа
Роналдињо: Мбапе може да ја освои „Златната топка“…
-
Светпред 16 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
Шпанијапред 19 часа
Проблеми за Барселона: Тер Штеген оди на операција, Пења ќе го менува!
-
Европски куповипред 18 часа
Ла Риоха падна во Скопје: Алкалоид со прва историска победа го заокружи настапот во Европската лига