Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа е во Лондон и ќе го очекува првиот ривал во квалификациите за Вимблдон

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Лина Ѓорческа на крајот успеа навреме да ја добие британската виза и ќе може да настапи во квалификациите за престижниот грен-слем турнир Вимблдон.

Најдобрата македонска тенисерка подолго од очекуваното чекаше зелено светло за влез на британска територија, а поради тоа остана без можност да игра подготвителен турнир на трева во пресрет на главниот настан ова лето во Лондон.

Македонската тениска федерација информира дека Ѓорческа е веќе во Лондон, каде ќе тренира во пресрет на почетокот на квалификациите.

Истите започнуваат веќе во вторник, а Македонката ќе ја дознае својата противничка еден ден порано.

За Ѓорческа ова ќе биде втор настап во квалификациите за Вимблдон, а првиот го имаше во 2017 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни