Ѓорческа и Дину ќе играат во полуфиналето на силниот турнир во Хехинген

lina servira

Македонско-романската комбинација, Лина Ѓорческа и Кристина Дину обезбедија пласман во полуфиналенот на силниот фјучерс кој се игра во Хехинген (Германија).

Ѓорческа и Дину многу добро се познаваат, па тоа денеска го искористија за победа над Карин Кенел (Швајцарија) и Ирина Ферекау со 2-1 во сетови. Дуелот на теренот број три траеше 1 час и 15 минути, период во кој Лина и Кристина го отоврија мечот со 6-4, пота противникот возврати со 6-2 за да решавачката битка им припадне на Македонката и Романката со 10-8.

Овој триумф ги носи до битка со првите носителки Јана Сизикова (Бугарија) и Далила Јакуповиќ (Словенија).

Фјучерсот се игра на земјени терени за награден фонд од 60.000 америкнски долари.

Facebook Коментари