Ѓорческа и Дину изненадени во четвртфиналето во Арад

lina-dinu

Македонско-романската комбинација, Лина Ѓорческа и Кристина Дину доживеа неочекувана елиминација во четвртфиналето во игра на двојки на ИТФ фјучерсот во Арад.

Лина и Кристина ја умаа улогата на први носителки на турнирот, но тој статус не го оправдаа и паднаа уште на првата пречка против Илона Георгиана и Георгиа Андреа од Романија. Романската двојка славеше со 2-0 во сетови со 6-3 и 6-4 по еден час и 15 минути игра.

Овој фјучерс се игра на земјени терени за вредност од 25.000 американски долари.

Facebook Коментари