Ѓорческа и Дину ги суредија првите носителки за финале на турнирот во Хехинген

lina-dinu

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа ќе може да дојде до уште еден трофеј во двојки во својата кариера и тоа на фјучерсот во Хехинген (Германија) кој се игра на земјени терени за награден фонд од 60.000 американски долари.

Имено Лина и нејзината партнерка Кристина Дину обезбедија пласман во големото финале, откако денеска во еден супер интересен и возбудлив меч ги надиграа првите носителки Јана Сизикова (Русија) и Далила Јакуповиќ (Словенија). Македонско-романската комбинација славеше со 2-1 во сетови или поточно со 3-6, 6-4, 13-11 за еден час и 32 минути игра на централниот терен.

Утре во големото финале Ѓорческа и Дину ќе се соочат со Олга Даниловиќ (Србија) и Георгина Гарсија Перез (Шпанија) кои се втор носителки.

Facebook Коментари