Ѓорческа даде силен отпор, но загуби од првата носителка во Подгорица

lina

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа триумфално започна на стартот на силниот фјучерс турнир во Црна Гора, но сепак одличното издание против Леа Бошковиќ денеска можеше да го повтори само во првиот сет.

Лина денеска играше против првата носителна на турнирот во Подгорица, но откако го доби првиот сет во тајбрејкот со 7:4, не успеа да го одржи истото ниво кое беше потребно за голема победа. Македонската тенисерка потклекна во клучните моменти во вториот сет во дуелот со Барбара Хас, бидејќи противничката доби два гејма едно по друго при резултат 4:4 за израмнување на 1:1.

После ова, Ѓорческа поведе со 1:0, но следеше серија од 5:0 на противничката која беше клучна за победата од 6:2 во одлучувачкиот сет.

Facebook Коментари