Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа без загубен гејм до четвртфиналето во Рим

Објавено

на

foto:www.facebook.com/laville.at

Лина Ѓорческа ја запиша втората победа на ИТФ турнирот во Рим, откако попладнево ја продолжи позитивната серија на резултати кја ја има против Кристина Дину.

Најдобрата македонска тенисерка ги загуби првите два дуели со Романката, но сега е во серија од пет победи во низа, а последната ја оствари без загубен гејм.

Денешната пресметка во Рим беше целосно на страна на Лина, која првиот сет го доби со 6:0, а потоа при водство од 2:0 виде како ривалката го предава мечот.

Ѓорческа на овој начин се пласираше меѓу најдобрите сум на турнирот во Италија, па во четвртфиналето го чека ривалот од дуелот меѓу Лепченко и Бандеки.

Лепченко е четврта нсоителка на турнирот во Рим, па во вечерашниот дуел влегува како фаворитка за дуел со најдобрата македонска тенисерка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни