Ѓорческа без одговор за втората носителка на турнирот во Шведска

lina gjorceska

Првиот македонски рекет, Лина Ѓорческа го заврши настапот на силниот ИТФ фјучерс во Бастад (Шведска) чиј награден фонд е 25.000 американски долари.

Лина денеска на теренот број три излезе на мегдан против втората носителка на турнирот 22-годишната Американка, Али Кик кој по скоро два часа игра славеше со 2-0 во сетови. Двата сета донесоа голема борба, но во истите за нијанска беше подобра Американката и со 6-4 и 6-4 дојде до четвртфиналето на фјучерсот што се игра на земјена подлога.

Facebook Коментари