Поврзете се со нас

Македонија

Ѓорче Петров го уништи Астибо и го крена шампионскиот пехар

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rfmofficial

Ракометарките на Ѓорче Петров ја крунисаа перфектната сезона со уште еден трофеј во домашните натпреварувања, па така откако го освоија Купот на Македонија денеска официјално го кренаа и пехарот во шампионатот.

„Лавиците“ без проблеми се справија со Астибо, славеа со 43:19 за 24. триумф во 25. меч во Суперлигата што доволно говори за доминацијата на тимот од западната скопска населба.

Ова за ѓорчепетровки е јубилејна 20 титула во првенството на Македонија.

До крајот избраничките на Симовски ќе одиграа уште еден меч и тоа против Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни