Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Знам дека не му се допаѓав на Федерер поради моето однесување на почетокот на кариерата

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ имаше програмиран дуел со Бен Шелтон во осминафиналето на Аустралијан Опен, но наместо со Американецот, светскиот рекет број еден ќе ги одмери силите со Адриан Манарино.

Францускиот ветеран го доби и третиот дуел во пет сета и го победи Шелтон со 3:2, а со тоа спречи реприза на тензичниот дуел кој го гледавме на Ју-Ес Опен минатата година.

Ѓоковиќ ја имитираше прославата на Шелтон и се „закачи“ со младиот тенисер откако го победи во Њујорк, а пред неколку дена откри дека го направил тоа поради тоа што Бен покажал непочитување на теренот.

Навраќајќи се во минатото, Ноле признава дека на почетокот на својата кариера и тој оставал лош впечаток во јавноста, особено поради тоа што знаеше често да повикува медицински тајм-аути и да не ги доигрува своите мечеви.

– Знам дека на Федерер не му се допаѓаше моето однесување на почетокот на кариерата. Не знам за другите, но верувам дека не бев омилен меѓу момците кои беа на врвот. Уште тогаш не се плашев да кажам дека сакам да бидам најдобар во светот. Имав самодоверба и така пристапував, но секогаш покажував почит кон ривалот. За време на мечот, по мечот и тоа го правам ден денеска. Некои работи можат да се случат во жарот на борбата, но  тоа беше моето лице пред 20 години, тешко е да се каже кој ме сакал, а кој не.

– Да бидам искрен, тоа ми даваше дополнителен мотив и гориво. Кога грешев, го признавав тоа. Ако сметав дека критиката не доаѓа со вистинска причина, јас одев по својот правец. И ден денеска знам дека не може сите да ме сакаат, тоа е нормално во спортот. Кога зборуваше за Шелтон, добро е тоа што има самодоверба, ги поддржувам сите млади кои излегуваат на терен со самодоверба. Така беше и со Прижмиќ пред неколку дена во дуелот со мене. Немам проблем со таквиот пристап, но постои граница на прифатливо и неприфатливо однесување. Младите треба да покажат самодоверба, но и да покажат почит кон постарите, – изјави Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни