Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Живеам во куфери, тоа е мојот живот, а без оваа книга не тргнувам никаде

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ се упати во Њујорк каде од 26 август ќе ја брани титулата на УС Опен. Српскиот тенисер вечерта пред неговото заминување на социјалните мрежи откри што понесе со себе за САД.

Ѓоковиќ се враќа на тениските терени. По освојувањето на златото на Олимписките игри, првиот турнир на кој ќе учествува ќе биде УС Опен.

Српскиот тенисер ќе се обиде да ја одбрани титулата во Њујорк и да стигне до 25. Грен слем во кариерата.

Во пресрет на долгото патување, најдобриот играч на сите времиња откри што ќе понесе со себе.

– Се подготвувам. Менувам тениски торби, ја земам онаа што вообичаено ја користиме за Вимблдон затоа што е поголема, а тоа ни треба – повеќе простор за рекети, капи, потници… Книгата, насловот е „Се почнува со молитва“. Суплименти… Што друго треба да носам со себе? Се разбира, јас сум еден од оние луѓе кои секогаш носат повеќе отколку што му треба. Кога ќе слетам во Њујорк, ќе одам директно на тениското игралиште и ќе тренирам. Значи со себе носам маици и опрема – истакна Новак, притоа преместувајќи ја опремата од една во друга торба.

– Не изгледам возбудено, бидејќи е 23 часот. И се разбира, ноќта пред поаѓање, сè уште не завршив со пакувањето, бидејќи живеам во куфери. Тоа е мојот живот. Но, тоа не е тажна приказна. Не се жалам за тоа, само го кажувам очигледното. Јас всушност се пакувам во детската соба бидејќи моментално е поуредна од мојата и од собата на жена ми… Премногу торби. Не сакав се да изгледа толку лошо, тука е пристојно.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sportal.rs (@sportalrs)

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни