Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ збесна во финалето и го избрка својот брат од трибините (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ навистина се мачи во финалето во Аделејд против Себастијан Корда и игра доста тензичен меч, во кој нервозата на српскиот тенисер ја плати неговиот брат.

Ноле го загуби првиот сет во тајбрејкот и покрај тоа што спасуваше шест сет топки, а тоа направи да има навистина нервозна реакција додека се упатуваше кон столчето.

Србинот мавташе кон својот бокс и имаше забелешки до Горан Иванишевиќ и останатите, но сепак му нареди на својот брат Марко да ја напушти трибината.

– Излегувај, – во повеќе наврати порача Ноле, по што Марко го послуша и си замина од трибините.

После половина час, братот на Ноле се врати на средина на вториот сет, кој на крајот му припадна на Новак, исто така во тајбрејк за 1:1 во сетови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни