Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ загуби сет, но закажа полуфинален дуел со својот „редовен пациент“

Објавено

на

Foto:x.com/SH_RolexMasters

Новак Ѓоковиќ го загуби првиот сет на Мастерс турнирот во Шангај, но успеа да регира навреме и без поголеми проблеми да се пласира во полуфиналето во Кина.

Србинот не брилјираше во пресметката со 19-годишниот Јакуб Менчик, меѓутоа одигра доволно за да направи пресврт, откако самиот дозволи предност за Чехот во тајбрејкот во првиот сет.

Иако Ноле отвори со 3:0 во најважниот дел од првиот сет, Менчик се врати и успеа да го добие истиот со серија од 7:1, меѓутоа сепак тоа не беше доволно за целосно да го скрши големиот шампион.

Ѓоковиќ во вториот сет целосно се рестартираше и направи два брејка за убедливи 6:1, а тоа му даде причина за голема самодоверба и во решавачкиот сет.

Новак не форсираше и направи само еден брејк, но тоа беше доволно за 6:4 и победа, односно пласман во полуфиналето.

Таму ќе го реча „редовниот пациент“ Тејлор Фриц, Американецот кој има негатива од 9:0 во меѓусебните дуели со Србинот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни