Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за враќањето во Мелбурн: Ми се преврте желудникот…

Објавено

на

Фото:twitter.com/CincyTennis

Новак Ѓоковиќ пристигна во Мелбурн како најголем фаворит за освојување на Аустралијан Опен, а тоа му ги врати спомените од пред две години, кога беше депортиран поради фактот што не беше вакциниран за коронавирусот.

Српскиот тенисер на денешната прес-конференција истакнал дека не му било сеедно кога минувал низ терминалот на аеродромот во Мелбурн, а размислува дали да го посети и специјалниот хотел во кој беше сместен.

– Кога се враќав во Мелбурн, дојдов на терминалот на кој бев пред две години, поминав низ истата процедура и го поминав тој имиграциски дел, го препознав и истиот човек кој работи таму.

– Беше навистина лошо чувство, ми се преврте желудникот. Не знам дали ќе одам до хотелот, се уште не сум решил, не знам ни дали се уште некој е сместен таму, – рекол Ѓоковиќ.

Новак во првото коло за противник ќе го има хрватскиот тенисер Дино Прижмиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни