АТП
Ѓоковиќ за „тениската бомба“ која ја испорача: Со месеци размислував…
Новак Ѓоковиќ ја прекина соработката со Горан Иванишевиќ во воведната фаза од 2024-та година, но како што одминуваше времето, се доби впечаток дека Србинот ќе ја заврши кариерата без нов тренер во својот тим.
Ноле го одработи вториот дел од сезоната без официјален тренер и на таков начин успеа да стигне до толку посакуваното злато на Олимписките игри, но четирите неуспешни настапи кои ги имаше на грен слем турнирите, на крајот направија подлабоко да размисли околу конечната одлука.
На крајот, недопирливиот грен слем шампион ја изненади јавноста со изборот кој го направи во текот на минатата недела, бидејќи за свој нов тренер го именуваше долгогодишниот ривал на теренот, Енди Мари.
Шкотланѓанецот водеше жестоки битки со Новак на теренот, но бидејќи важат и за добри пријатели надвор од него, се очекува оваа конекција на биде посебна за Ѓоковиќ кој очигледно сака да го фати „последниот бран“ во обидот да придодаде уште некоја голема титула.
– Размислував за новата сезона во последните неколку месеци, се барав себеси, се преиспитував за тоа што сакам во овој момент од кариерата. Ја прекинав соработката со Иванишевиќ со кого остваривме извонредни резултати, потребни ми беа шест месеци за да размислам дали ми треба нов тренер, а и кој би ми бил нов тренер.
– Сфатив дека во овој момент перфектен тренер за мене ќе биде некој што минал низ истото, некој што доживеал слични искуства како повеќекратен грен слем шампион и светски број еден. Размислував на многу имиња, во игра беа многумина, но на крајот се појави името на Енди. Ни тој не го очекуваше мојот повик, но после истиот, брзо се договоривме. Прифати после неколку дена, а јас не можам да бидам повозбуден од новата соработка. Возбудливо е и за тенисот, тој беше еден од моите најголеми ривали. Едвај чекам да излезам на теренот со него и да се подготвам за новата сезона, – изјави Србинот.
-
Свет21 час
Помошникот на Фенербахче тргна да слави гол со играчите, Мурињо му одржа лекција која ги изнасмеа фановите (Видео)
-
Македонија24 часа
Легендарната Кастратовиќ ќе биде втор македонски член во „Куќата на славните“ (Фото)
-
Шпанија22 часа
Рафиња со капитенската порака го заштити најкритикуваниот играч на Барса
-
Шпанија23 часа
Симпатично видео од Шпанија: Двајца млади фанови на Осасуна водеа битка за еден дрес и станаа вирален хит
-
Англија16 часа
Пети за тимот кој има посилен состав од Сити во ПЛ: Сите забораваат на тоа…
-
Италија24 часа
Одговорниот човек за лекарскиот тим на „Артемио Франки“ откри како му бил спасен животот на Бове
-
Лига на шампиони13 часа
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола
-
Свет17 часа
Депај со голчиште од слободен удар ги запали навивачите на Коринтијанс (ВИДЕО)