АТП
Ѓоковиќ за своите испади на теренот: Свесен сум дека не се претставувам себе на најдобар начин

Новак Ѓоковиќ загуби по еден сет во првите две рунди на Аустралијан Опен, а за време на мечевите Србинот во неколку наврати не ја криеше фрустрацијата и традиционално имаше расправии со одредени фанови во Мелбурн.
Тоа посебно дојде до израз на вториот меч против Хаиме Фарија, но бидејќи станува збор за сцена на која веќе навикнаа тениските фанови, Ѓоковиќ се обидел да ја објасни својата мрачна страна во целата оваа приказна во соочувањето со австралиските новинари.
Србинот е свесен дека не секогаш е добар пример за тоа како треба да се однесува еден спортист на теренот, но додава дека тоа е една внатрешна битка која ја води од самиот старт на својата кариера.
– Постои универзален кодекс за однесување во тенисот, тоа се правила и вредности со кои се согласуваме сите кои сме дел од нашиот спорт. Пораките кои ги испраќаме се многу важни, но исто така е важен нашиот однос со публиката, а посебно со младите деца за кои јас најмногу се грижам.
– Во нашиот спорт, тешко е секогаш да бидете во идеална и оптимална состојба, како на психолошко, така и на емотивно ниво. Јас сум свесен дека често не се претставувам себе на најдобар можен начин. Често имам изливи на бес и нервоза на теренот, станува збор за работи кои не ги сакам, но тоа едноставно сум јас.
– Јас сум таков на теренот, тоа се работи со кои се борам личн оцела кариера. Без разлика на тоа што имам одиграно повеќе од 1000 мечеви во кариерата, без разлика на цело искуство, јас на крајот сум човек од крв и месо. Кога некои работи се повторуваат на теренот, а кога на сето тоа ќе се насобере притисокот, од вас излегува нешто што не сакате да излезе. Тоа е мојата лекција која ја учам цела кариера. Се обидувам да бидам подобра верзија од себе, но не оди така лесно како што изгледа, – вели Ѓоковиќ.
Новак својот меч од третото коло на Аустралијан Опен го игра утре наутро, а негов ривал ќе биде Чехот, Томас Махач.
-
Лига на шампиони18 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони17 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
НБА24 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија18 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони14 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони13 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…
-
Англија21 час
Играч на Евертон за најлошото искуство со еден менаџер: Лампард ме понижи, па една недела подоцна заработи отка