Поврзете се со нас

Европски првенства

Ѓоковиќ за реакцијата на српските фанови за неуспехот на ЕП: Или се среќни или „сè по список“

Објавено

на

foto: x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ се подготвува за настап на тенискиот грен-слем Вимблдон, а на средбата со новинарите бил прашан и да го коментира неуспехот на српската фудбалска репрезентација на ЕП во Германија.

Србите не обезбедија место во нокаут фазата, Ѓоковиќ им даде поддршка на своите сонародници на клучниот дуел со Данска појавувајќи се на теренот и на трибините, а сега го коментирал епилогот од турнирот.

– Мислам дека имаме репрезентација со многу квалитетни играчи, едноставно не се погоди моментот да доживеат успех на ЕП.

– Но, беа таму по 24 години, Србија секогаш се дига на нозе кога е фудбалот во прашање, нема средина, навивачите или се среќни или сè по список на секого…

– Во својата кариера имав среќа да бидам на добрата острица на мечот кога е нашиот народ во прашање, но имаше моменти кога моите неуспеси погодија многу луѓе. Но на секој спортист не му е сеедно кога ќе му кажете дека не дал максимум за својата земја, – рекол Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни