Евролига
Ѓоковиќ за реакциите на неговиот син на средбата на Партизан: Морав да го штипнам (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ е познат како голем навивач на Црвена Звезда, но вчера можевме да го видиме на средбата на Партизан против Монако во Евролигата.
Ѓоковиќ заедно со своето семејство беше присутен на овој дуел во Монако на кој „црно-белите“ успеаа да победат и обезедат пласман во Топ 8 фазата. Најинтересни беа ракциите на синот на Новак, малиот Стефан кој за разлика од неговиот татко е навивач на Партизан.
-Јас го поддржувам Партизан кога тој игра против било кој друг клуб освен Звезда. Јас сум звездаш, но секако навивам за српски клуб. Мојот син го поддржува Партизан, го сака Партизан, па сега одиме на натпреварите на Партизан, -рече Новак кој говореше и за реакциита на синот со оглед на тоа што беа во првиот ред покрај теренот.
-Малку го штипкам ако претера. Тој ми рече дека ова е неговиот најлош натпревар затоа што не може да навива како што сака. Му реков дека може, само да не вика „уаа“ кога противничката екипа напаѓа. Интересно е да го гледа, тој ја сака кошарката, Србија е земја на кошарката, тоа е најголемиот спорт, следиме, навиваме и се надеваме дека ќе победиме, -порача светскиот рекет број еден.
Нема дилеме, мали је наш @DjokerNole 👀⚫⚪#partizan #kkpartizan #bcpartizan #euroleague #everygamematters #monacobasket #grobari pic.twitter.com/HNpmiDUqOs
— Partizan.net (@PartizanNet) April 7, 2023
-
Италијапред 19 часа
Вучиниќ го „закачи“ Алегри: Кога си во Јувентус…
-
Италијапред 23 часа
Касано го нападна Леао и го спореди со пропадната ѕвезда на Јунајтед: Нзола постигна повеќе голови од него
-
Англијапред 6 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 6 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Англијапред 18 часа
Покетино: Ова ни е единствената шанса за трофеј во оваа сезона
-
Шпанијапред 18 часа
Анчелоти за стратегот кој се најавува како негов наследник во Реал: Му посакувам…
-
Шпанијапред 5 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти претпазлив со возбудливото летно засилување: Има талент, но треба да се вклопи во тимот