Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за првпат се огласи по инцидентот: Не можам да ветам…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ овогодинешниот настап на Ју-Ес Опен го заврши со елиминација во четвртото коло или поточно кажано мораше принудно да го заврши своето учество откако со топче ја погоди линиската судијка на дуелот со Пабло Карењо Буста, па организиторите одлучија да го дисквалификуваат од грен слемот од Њујорк.

Првиот светски рекет потоа не собра храброст да се соочи со медиумите и неколкупати се огласи на социјалните мрежи за да сега дојде момент да разговара со новинарите пред турнирот во Рим.

-Правилата се јасни. Ја прифатив одлуката и продолжив понатаму. Така е како што е, -истакна Ноле кој потоа изненадувачки порача:

-Не можам да ви ветам или гарантирам дека нема вакво слично нешто да направам во животот. Секако ќе дадам се од себе, ама се е во возможно во животот, -заклучи Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни