Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за повредата: Не е идеално, околностите се непредвидливи…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ избори место во осминафиналето на Австралија Опен и тоа како со 3-0 во сетови славеше над Григор Димитров.

Бугарнот испушти неколку прилики да го добие првиот сет и со тоа да му нанесе удар на повредениот Новак Ѓоковиќ, но откако тоа не го направи фаворитот успеа да го пронајде патот до новата победа која го однесе до дуел со домашниот миленик Алекс Де Минор.

-Разговаравме, состојбата не е идеална, има голема неизвесност како ќе се однесува ногата. Околностите се непредвидливи, се може да се случи. Еден избрзан потег, свртување, доскок може да предизвика дополнителни проблеми. Така беше денеска во неколку наврати, повеќе отколку на вториот натпревар. Ќе продолжам со рутината за опоравување, веќе не тренирам со денови меѓу нив. Си давам што е можно повеќе простор за да се опорави ногата и да ја доведам во прифатлива, доволно добра состојба, -вели Новак за повредата на задната ложа.

-Секогаш почнува добро, последните неколку натпревари, а потоа се случува движење и потоа се влошува. Тогаш лековите почнуваат да делуваат, ми помага, потоа ефектот исчезнува, па се враќа… Навистина е ролеркостер, поради тоа поминувам низ емотивни подеми и падови. Тоа е нешто со кое сум помирен, среќен што можам да играм. Кога започна турнирот мислев дека нема да можам да играм, но еве тука сум, -додаде големиот грен слем шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни