Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за повредата на коленото: Им благодарам за советите на…

Објавено

на

foto: x.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ се повреди на Ролан Гарос и мораше да замине на операција за да го санира проблемот со коленото, проблем кој по се изгледа е надминат затоа што тој е подготвен за настап на Вимблдон.

Многумина прогнозираа, веруваа дека Србинот нема да стигне на време за да игра во Лондон, ама тој навреме закрепна, процес во кој имал помош и од многу познати спортисти кои ги споделиле своите искуства со вториот светски рекет.

-Разговарав со Тејлор Фриц, но прашав и многу други. Вавринка, Линдзи Вон, Златан Ибрахимовиќ, сите беа доволно љубезни да ги споделат своите искуства со нив и да ми дадат контакти на луѓе кои ќе ми помогнат, -обелодени Ѓоковиќ.

Ноле за прв ривал на Вимблдон ќе го има Чехот, Вит Коприва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни