Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за повредата: Ако беше нешто сериозно…

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ успеа да ја добие битката со Данил Медведев и ќе игра во финалето на АТП турнирот во Аделејд.

Најдобриот српски тенисер забележа триумф од 2-0 во сетови со 6:3, 6:4 и утре против Себастијан Корда ќе може да дојде до уште еден пехар во неговата кариера. Меѓутоа за време на полуфиналето Новак мораше да бара медицински тајм аут поради проблем со задната ложа, па по мечот откри каква е ситуацијата со повредата.

-За среќа, не е ништо сериозно. Ако беше немаше да можам да продолжам. Се обидов да земам медицински тајм аут, да земам лекови и да го намалам воспалението во мускулите. Се среди по неколку гејмови, го задржав моментумот и не дозволив да излезе од контрола. Колку подолго играв, толку помалку ме болеше задната ложа, беше позагреана. Се надевам дека утре ќе бидам добро, -рече Новак кој откри дека низ глава му поминал и настапот на Австралија Опен.

-Не можам да кажам дека Мелбурн не ми паднал на ум. Но не можете да калкулирате на терен. Во оваа фаза од мојата кариера секој натпревар ми е важен и секогаш одам на победа, -заклучи Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни