Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за потегот на Нори: Тоа не е фер плеј, не го разбирам ова однесување

Објавено

на

foto:www.sandiegouniontribune.com

Новак Ѓоковиќ немаше проблеми во дуелот со Камерон Нори кој го реализираше со 2-0 во сетови и обезбеди место во четвртфиналето на Мастерсот во Рим.

Ова беше воедно дуел кој беше одбележан од смечот на Нори во вториот сет, поточно Британецот со силен удар погоди во телото на првиот светски рекет. Тој се извини, но Србинот дефинитивно не беше задоволен од тој потег, ама и од комплетното однесување на противникот на средбата во италијанската престолнина.

-Ја погледнав снимката…можеби може да се каже дека не ме удри намерно, не знам дали ме виде, ама совршено можете да видите каде е играчот на теренот. Топката беше исклучително бавна и блиску до мрежата, јас само се свртев затоа што поенот беше готов.

-Не се работи само за тоа, туку за комбинација на неколку работи. Тој од почетокот имаше ситуации кои му беа дозволени. Да ​​земе медицински тајмаут, удри играч, во лице ми велеше „ајде одиме“ и повеќе или помалку во секој поен, практично од првиот гејм. Тоа ние играчите во соблекувалната не го нарекуваме фер плеј и тоа не е начинот на кој се почитуваме едни со други.

-Ама јаде, тоа е дозволено. Имам добри односни со Камерон, сме тренирале заедно и се работи за добро момче надвор од теренот.Така да, не го разбирам тој став, однесување, да бидам искрен. Но е така како што е. Тој го запали огнот и јас одговорив. Нема да дозволам некој така да се однесува. И тоа е тоа… тоашто се случува на теренот, останува на земерено. И продолжиме понатаму, -заклучи српскиот тенисер.

Нареден ривал на Ноле е Холгер Руне.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни