Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за поразот на Надал: Изгледа нема да биде така како што Рафа првично најави

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ не се мачеше премногу и во три сета ја мина првата пречка на Ролан Гарос, совладувајќи го домашниот тенисер Пјер Иго Ербер со 3:0 во сетови.

Светскиот рекет број еден не се чувствува најдобро и најсигурно во последно време и нагласи дека ваква победа ќе му даде самодоверба за следниот меч, но по триумфот, дали интересен коментар и за мечот за кој сите зборуваа во првото коло.

Ноле имаше чест да биде во вип-ложата и во живо да го гледа мечот меѓу Рафаел Надал и Александер Зверев, па така сега доби шанса да даде стручен коментар за нивото кое го понуди шпанскиот тенисер.

– Мислам дека Рафа играше многу подобро од Барселона и Рим. Вториот и третиот сет беа густи, можеше да отиде и во друг правец ако Надал освоеше еден од тие два сета. Зверев одлично сервираше и Надал нависитна немаше среќа со ждребот.

– Не се сеќавам кога последен пат сум изгледал еден цел меч на вакво ниво, со исклучок на Дејвис Купот. Ига беше на трибините, јас бев тука, тука беше и Алкарас. Сите сакавме да видиме каква ќе биде атмосфера за можеби последниот меч на Рафа на Ролан Гарос. Сепак, изгледа дека нема да биде така како што Рафа најави, – изјави Ѓоковиќ, алудирајќи на тоа дека верува во ново учество на Надал во Париз и наредната година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни