Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за „одмаздата“ која ја режираше на Централниот терен: Кога некој ќе ја премине границата……

Објавено

на

Foto:x.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ го надигра Холгер Руне и буквално го збриша од Централниот терен на Вимблдон, но откако го направи тоа, влезе и во директен клинч со безобразните британски навивачи на трибините.

Ноле беше доста сериозен и нервозен за време на мечот и доста тешко ги прифаќаше исвиркувањата и директните прозивки од трибините, па затоа кога заврши мечот, не пропушти шанса да ги „поздрави“ хејтерите.

Ѓоковиќ ги „поздрави“ безобразните англиски фанови по тениската лекција за Руне: Не можете да ме допрете! (Видео)

Српскиот тенисер им одржа лекција на некултурните фановите додека даваше изјава на теренот, а режираната „одмазда“ се провлече и на пресот каде Новак шанса да поубаво да се искаже.

– Не знам што може да направи Вимблдон како турнир со такви навивачи, најверојатно ништо. Фановите ги плаќаат своите билети и имаат право да навиваат како сакаат. Тие сами бираат за кого ќе навиваат и кого ќе поддржат, знам дека судијата нема да исфрли цела трибина поради тоа што не се однесуваат какошто треба. Фановите се причината поради која тенисот е глобален спорт. Јас го сфаќам делот во кој се поддржува еден или друг тенисер, но кога некој ќе ја премине линијата, јас секогаш реагирам, – изјави Ѓоковиќ, кој во четвртфиналето ќе игра против Алекс Де Минор.

– Мислам дека се работи за најбрзиот играч на турот. Многу напредуваше во последите 18 месеци. Играв со него лани во Австралија, но од тој меч забележа неверојатен напредок. Не е чудо што влезе во топ десет, – изјави Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни