Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за новото правило: Една работа не ми се допаѓа…

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Новак Ѓоковиќ одново одигра меч во четири сета, меѓутоа тоа што е најважно забележа победа и обезбеди место во третото коло на првиот календарски грен слем.

Поранешниот светски рекет број еден беше подобар од Жаиме Фарија со Португалија со 3-1 (6:1, 6:7/4:7, 6:3, 6:2) и сега ќе може да се подготвува за новиот тест против Томаш Махач кој утрово преку драматичен меч во пет сета славеше против американскиот „бомбардер“ Опелка.

Воедно на овој турнир гледаме едно ново правило, па членовите на стручниот штаб се веднаш до теренот, правило за кое свој коментар имаше српскиот ас.

-Го поддржувам тоа, мислам дека е голема иновација за овој турнир. Луѓето што ги избирам овде ги избираме сите, разговараме внатрешно за тоа кој може најмногу да придонесе со тоа што е на терен. Среќен сум со четворицата луѓе кои се тука. Веројатно ќе го сменат во иднина за да воведат микрофони, но засега ми е мило што е без него (се смее). Сигурен сум дека навивачите би биле навистина заинтересирани да слушнат за што зборуваме. Ќе има многу материјал за да станете вирални…

-Единствено што не ми се допаѓа е тоа што некој од противничкиот тим може да го гледа, да слушне нешто и потоа да испрати порака до некој од противничкиот тим и десет секунди подоцна да ги има информациите. Тоа не ми се допаѓа. Треба да има одредена приватност во однос на тактиката и тренирањето на теренот. Тоа не треба да биде достапно за јавноста бидејќи ви создава проблем во живо среде натпревар, -рече Ноле.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни