Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за Надал: Никогаш не сме биле пријатели, но…

Објавено

на

Фото:twitter.com/ITFTennis

Рафаел Надал и официјално замина во тениска пензија и тоа со настапот за Шпанија на завршниот турнир во Малага во Дејвис Купот.

Со тоа заврши една ера, приказна во белиот спорт со еден од најголемите тенисери во историјата. Еден од најголемите притивници, ривали на Шпанецот дефинитивно беше Новак Ѓоковиќ со кого водеа многу битки низ годините, создадоа ривалство кое му донесе многу на тенисот.

-Надал е само една година постар од мене, а двајцата сме родени во знакот близнаци. На почетокот дури и излегувавме заедно, но пријателството со него е невозможно. Причината е едноставна, пријателството меѓу ривалите е невозможно, -вели Ѓоковиќ кој заедно со Рожер Федерер ја сочинуваа големата тројка.

-Мојот однос со Роџер отсекогаш бил многу позитивен, многу пријателски. Дури и нашето ривалство на теренот не можеше да го расипе. Никогаш не сме биле ни непријатели.Секогаш многу го почитував и му се восхитував. Благодарение на него и Федерер се развив и станав тоа што сум. Тоа засекогаш ќе не поврзува, па затоа сум им благодарен. Надал е дел од мојот живот во последните 15 години. Го гледав повеќе од мајка ми. Отсекогаш сум го почитувал и Федерер, тој е еден од најдобрите на сите времиња. Тој имаше неверојатно влијание, но јас никогаш не бев близок со него, -истакнал Србинот и за крај порача:

-Се знаеме многу долго време. Има многу работи во неговата игра (Надал) што ме инспирираат. Интензитет, посветеност, борбеност. Тој менталитет на шампион кој никогаш не се откажува, кој секогаш наоѓа начин да победи, без разлика на тежината на ситуацијата. Тоа беше многу инспиративно за мене, -заклучи Ноле за „Кориере Дела Сера“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни