Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за „грабежот“ во Синсинати: Ова е срамота, погрижете се…

Објавено

на

фото: x.com/atptour

Еден од најголемите тениски асови во историја, Новак Ѓоковиќ се огласи и испрати јасна порака по „грабежот“ кој се случи на мечот меѓу Џек Дрејпер и Феликс Оже-Алиасим на Мастерсот во Синсинати.

Британецот го доби мечот со недозволен потег, момент кој не го забележа главниот судија, а и самиот тој тврдеше дека не забележал, не знаел што точно се случило.

Контроверзна одлука на меч топка во Синсинати: Оже-Алиасим „ограбен“, противникот блефираше (Видео)

Феликс не можеше да поверува што слуша и гледа, ама остана смирен и на крајот го прифати поразот. Сепак оваа ситуација стана вирална, донесе многу реакции, а меѓу нив и онаа од Ѓоковиќ кој порача:

-Срамота е е да немаме повторена снимка за вакви ситуации на терен. Она што е уште поневеројатно е што немаме правило кое им дозволува на главните судии да ја променат првичната одлука врз основа на повторената снимка надвор од теренот.

-Сите што гледаат на ТВ можат да видат што се случило на снимката, но играчите на теренот се држат „во мрак“ и не знаат што се случило. Имаме „соколово око“ за линии и живееме во технолошки напредниот 21 век! Ве молиме сите на АТП-турот, погрижете се овој апсурд никогаш повеќе да не се повтори, -порача Ноле.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни