АТП
Ѓоковиќ врза серија каква што не памети цели седум години

Новак Ѓоковиќ се прикажа во навистина одлично светло на Аустралијан Опен и изгледаше како тенисер кој е во посакувана форма, но откако му предаде на Александер Зверев во полуфиналето, Србинот едноставно не може да го пронајде вистинскиот ритам.
Големиот грен слем шампион загуби од Матео Беретини на турнирот во Доха, а рано утрово доживеа нов шок на Индијан Велс, и тоа од 85-от тенисер на АТП листата.
Ботик Ван де Зандшулп го искористи лошиот ден на Ноле за да ја запише најголемата победа во кариерата, а со таквиот подвиг направи да видиме сценарио какво не се памети од 2018-та година.
Поразот од Ван де Зандшулп значи дека Ноле доживеа трет неуспех во низа, лоша серија каква што последно имаше во периодот кога се опоравуваше од тешката повреда на лактот.
Ѓоковиќ последен пат врза три порази на АТП турот на стартот на 2018-та година, односно кога загуби од Чунг на Аустралијан Опен, а потоа и од Таро Дание и од Беноа Пер на Мастерсите во Индијан Велс и Мајами.
Српските медиуми пресметаа дека поминале точно 2542 дена од последната ваква криза на Новак, па сега останува да се види каква ќе биде неговата реакција на Мастерсот во Мајами кој е следен на програмата.
-
Свет20 часа
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Шпанија21 час
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија20 часа
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Свет18 часа
Рамос шутна противнички играч и заработи директен црвен картон (ВИДЕО)