Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Во тенисот е потребен јасен календар, тешко е да останете во форма во вакви услови

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ беше во страшен налет на стартот на новата сезона и според многумина тој најмногу загуби со паузата која настана со коронавирусот, а дека карантинските услови не се најидеални за одржување на оптималната и посакувана форма сега призна и самиот Ноле.

Светскиот рекет број еден не е оптимист дека тениската сезона ќе продолжи во скоро време, но додава дека не му останува ништо друго освен да се снаоѓа во својот дом и да тренира онака како што вонредните услови му дозволуваат.

– Официјално турот е прекинат до 13-ти јули, но многумина велат дека нема да почнеме тогаш. За мене важно е да имам рутина, не можам да чекам да дојде датумот за почнување и тогаш да тренирам. Секој ден сум во теретана, трчам во мојот дом, си играм со децата и така се одржувам во форма. За нас тенисерите многу е важно да имаме јасен преглед и календар. На почетокот бев збунет и се чувствував празно, обично во тенисот имате јасен календар, – вели Ѓоковиќ и додава.

– Откажан е ВТА турнирот во Канада, ќе треба да видиме како ќе се одвива ситуацијата за турнејата во САД. Таму треба да бидеме во август, ако стане помалку ризично, има шанси да се најдеме таму. Постои и опција на есен да се играат турнирите на земја, се надевам дека ќе можеме да продолжиме со сезоната, – додава Новак кој пред паузата го освои АТП Купот со Србија, но и титулите во Австралија и Дубаи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни