Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ веќе напорно тренира, ќе биде ли подготвен за Вимблдон? (ВИДЕО)

Објавено

на

Фото:twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ поради проблеми со коленото мораше предвреме да го заврши настапот на Ролан Гарос, па и да замине на операција за да го санира истиот, поточно биде подготвен за некои следни предизвици.

Голема желба и цел за Србинот се ОИ во Париз, но пред нив се игра Вимблдои и имаше дилеми, се уште има дилеми дали Ноле ќе биде дел од тој спектакл.

И додека се чека конечен одговор Ѓоковиќ се огласи на социјалните мрежи каде објави видео во кое напорно работи, тренира што за некои е и најава дека ќе биде активен на Вимблдон.

-Тенис, ми недостатуваш. Продолжуваме да работиме од ден на ден, -порача големиот грен слем шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни