Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ успешно опериран, најважниот сон останува жив

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Новак Ѓоковиќ мораше брзо да реагира и реши експресно да направи операција во Париз, се со цел што е можно повеќе да го скрати, односно забрза процесот на рехабилитација.

Светскиот рекет број еден го скина менискусот на мечот со Серундоло и по вторпат во својата кариера подлегна на хируршки зафат, но првите прогнози по операцијата сее далеку пооптимистички од оние во вторникот.

За време на артроскопијата, француските лекари утврдилее дека оштетувањето на менискусот на десното колено не е од најтешка варијанта, поради што процесот на рехабилитација ќе биде далеку покус од тоа што се мислеше.

Како што јавува „Спорт Клуб“, опоравувањето на Новак ќе трае три недели и после тоа ќе може да се врати на тренинзите, со напомена дека тоа ќе се случи ако се оди во најдобар ред.

Според распоредот кој е навистина згуснат од стартот на месец јули, мали се шансите Новак да заигра на Вимблдон без претходно да има припреми за тенискиот грен слем во Лондон, но во овој момент далеку пооптимистички се гледа кон најважната цел.

Србинот од стартот на сезоната ги посочи Олимписките игри како примарна цел во 2024-та година, а бидејќи турнирот започнува на крајот на месец јули, исходот од операцијата му дава реални шанси да се надева на добар настап и бркање на прво олимписко злато.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни