Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ употреби по еден збор за да ги опише Федерер, Надал, Алкарас и Синер (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/BrisbaneTennis

Опширното интервју кое го направил Новак Ѓоковиќ за „Џи-Кју“ магазинот привлече огромно внимание поради исповедта на Србинот за немилите случувања во Австралија од 2022-ра година, но покрај скандалот, разговорот е интересен и поради низа други опфатени теми.

Онлајн изданието на магазинот стана достапно за сите тениски фанови и планот е печатеното да излезе во продажба наредниот месец, а во моменти кога се собираат впчеатоци од сите впечатливи изјави на Србинот, вреди да се издвои и делот во кој зборува за најголемите ривали од минатото, но и од сегашноста.

Ѓоковиќ добил за задача да ги опише со еден збор големите ривали Рожер Федерер и Рафаел Надал, но и талентираниот Карлос Алкарас и Јаник Синер.

Целта било Ноле да го издвои зборот кој прв му паѓа на памет, па така го искористил „елеганција“ за Федерер, „упорност“ за Надал, „харизма“ за Алкарас, како и „скијање“ за Синер.

Сите употребени зборови навистина се добар опис за секој од четирите набројани тенисери, па може слободно да се каже дека Србинот успешно го положи испитот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни